Кирил Лазаров со 17 постигнати гола е водечки на листата на стрелците по некомплетното второ коло. По деветте гола против Франција, Лазаров реализира 8 гола против домаќинот Полска.
Веднаш зад него е бившиот соиграч од Барселона, Сергеј Рутенка од Белорусија со 16 гола, а Норвежанецот Бјорнсен е трет со 14 гола. Нашиот капитен има 53% успешност, а има и три асистенции со што е петти во категоријата на стрелци и асистенти. Таму води Барис Пуковски од Белорусија со 25 поен