Попладневен тренинг и подготовка за мечот со Србија
Колку и да е тешко, македонската ракометна репрезентација мора да ги заборави мечот со Полска и да се насочи на Србија. Нашиот следен противник исто така ги загуби двата натпревари во А групата, првиот тесно против Полска, вториот убедливо против Франција.
Денешниот утрински термин за тренинг од 11:00 часот е одложен, како ракометарите би имале повеќе време за одмор и рекуперација. Попладне од 17:00 часот во малата „АВФ арена" момците на Обрван ќе тренираат подготвувајќи го мечот со Србија. Во меѓувреме се очекува видео подготовка од играта на српската репрезентација на овој турнир.
Последниот официјален меч со Србија го добивме во Белгград во втората групна фаза на европското првенство во 2012 година.