Јиржи Хорачек и Вацлав Новотни од Чешка ќе го водат мечот Македонија - Србија, кој се игра утре во попладневниот термин во „Краков арената". Тие вчера го водеа мечот во Катовице меѓу Исланд и Белорусија.
Последен пат, нам ни судеа минатата година, на возвратниот бараж меч со Грција. Откако на првите два натпревари добивме судии од Данска и Германија, овој пат ќе ни судат Чеси.
Македонија со победа и реми ќе се квалификува за втората групна фаза, а на Србија сојузник му е само еден резултат и мора да триумфира ако сака да го продолжи престојот во Краков.