Кружниот напаѓач Никола Марковски го пропушти вчерашниот натпревар со Србија, но веќе се чувствува многу подобро. Отокот се повлекол и полесно тренираше со останатите на вчерашниот претпладневниот тренинг.
Марковски ќе му биде на располагање на селекторот Обрван за втората фаза и мечевите со Хрватска, Норвешка и Белорусија. Според правилата на ЕХФ, Македонија има право да направи уште една замена на играчи до крајот на Европското првенство.