Нема време за одмор за нашите ракометари. Прославен е пласманот во следната фаза, одмор и насочување кон наредниот натпревар. Една година по порзот во Доха на светското првенство, пак ќе играме против Хрватска, овој пат во меч со поголема вредност.
Денес од 10.00 часот нашите репрезентативци ќе работат во теретана, а попладне од 19.00 часот во „АВФ арената" ќе го имаат и предвидениот тактичко-технички тренинг. Од Катовице претпладнево пристигнува и хрватската делегација и за првпат ќе тренира во „Краков арената". Исто така од соседната група доаѓаат Норвежаните и Белорусите за втората фаза, која почнува утре попладне.