Македонскиот капитен Кирил Лазаров се најде во идеалната седморка по првиот дел од Европското првенство во ракомет. На натпреварите со Франција, Полска и Србија, десниот бек на нашата селекција впиша 21 гол, делуваше лидерски, со многу асистенции и еден спектакуларен цепелин и во целост заслужи да биде избран како најдобар на својата позиција.
Во изборот на најдобрите место има уште за Салдатсенка (Белорусија), Валеро Ривера (Шпанија), Микел Хансен (Данска), Деан Бомбач (Словенија), Лук Абало (Франција) и Камил Сипржак (Полска).