hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Стефановски: „Тактичка неспремност и грешка со натурализацијата„

mkd-esp-2

Бившиот селектор на македонската ракометна репрезентација и стручен аналитичар за неколку домашни медиуми, за ТЕРА ТВ целосно го анализираше првенството и ситуацијата во нашиот табор. Тој пронајде и добри страни и вели дека целта е остварена со пласманот во втората фаза, но и говореше за се она што не беше направено во Данска:

 „Ако во нападот ни фалеа Филип Лазаров и Наумче Мојсоски, во одбраната бевме комплетни. Јас не видов дека таа одбранбена 6-0 формацијата ја спроведувавме како што треба. Плус не видов добро разработена алтернативна одбрана. Ние во текот на турнирот имаме најслаба контра и полуконтра, а да не говорам дека катастрофално играме со играч повеќе. Јас сум поборник дека секогаш се може подобро. И да бевме шампиони, секогаш може подобро. Да не се лажеме? Кои играчи ние ги натурализиравме и на кои места? Таму каде што игра Кирил Лазаров и таму каде што се Мојсоски и Миркуловски. Значи таму каде што сме најсилни. Каде сме најтенки - на лев бек.

Дали таму натурализиравме играч кој ќе прави разлика - не натурализиравме. Јас не велам дека треба да најдеме некој како Пепи Манасков, но знаете што е натурализирање кое ќе донесе ефект? Карлос Перез или Арпад Штербик...ете тоа е корисно натурализирање. И нон сенс е овие натурализирања на Прибак и Вугринец да се споредуваат со оние на Новокмет, Ходик, Николиќ и Зарков„ заврши Стефановски.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share