hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Билал Шуман - нераскинливо поврзан со Македонија

sum1

Повозрасните љубители на ракометот сигурно се сеќаваат на брзоногото крило од Сараево, Билал Сарач, кој дел од кариерата во доцните осумдесетти ги помина во дресот на битолски Пелистер. 45 годишниот Шуман сега работи како асистент тренер во данскиот гигант Колдинг, кој игра и во Лигата на шампионите. И додека работи од пред некој ден во нормален тренажен процес со Каспер Хвидт, Јоаким Болдсен, Ларс Јакобсен, Ким Андерсон (во овој момент повреден), Шуман има своја скаутинг програма која ја користат шест репрезентации на европското првенство, меѓу нив и македонската репрезентација.

sum2

Веќе од поодамна Билал Шуман соработува со нашата федерација, а и репрезентацијата на Исланд, Шпанија, Шведска ги користат олеснувањата на неговата програма. Тој неколку пати ги посети нашите репрезентативци со „Скандик Реџина„ хотелот во Хернинг и главно во друштво на директорот Стевче Алушовски ја подготвуваат видео помошта за стручниот штаб. Шуман вели дека е поврзан со Македонија и со нашиот ракомет, а не пропушти да ги поздрави и своите пријатели главно од Битола. Стефановски, Чурлевски, Петрески, Крстевски, Маринковиќ, Алушевски, Манасков, Босеовски се дел од соиграчите на Шуман во битолскиот клуб, под палката на како што вели Шуман за него најдобриот претседател во кариерата - Силјан Мицевски.

Share