hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шпанија со „ветер в грб„ скоро во полуфинале

aginagalde 5

Австрија - Шпанија 27:28 (12:14)

Многу изедначено се одвиваше целото прво полувреме во мечот на Австрија и Шпанија. Иако светскиот првак преку Ривера и Канељас поведе со 3:0, австријците брзо се вратија во мечот. Бразилецот со австриски пасош Сантош и Херман го вратија тимот на Јоханесон во нерешен резултат, а Силаги во 21 минута им донесе и прво водство на австриците. Дури и подобар впечаток оставија белите, се додека Каденас ги врати во игра Канељас и Раул Ентрериос.

 Тие во последните три минути со мини-серија 3:0, му донесоа на тимот на Шпанија предност од 12:14 на полувреме. Во вториот дел работите се одбиваа етапно. Најнапред шпанците ќе побегнеа на 4,5 гола разлика, па австријците преку Херман, Шмит и Силаги ќе се вратат до -2. Јоханесон и неговиот стручен штаб имаа многу замерки на белоруските судии Гуско и Репкин. Канељас и Агинагалде на „мускули„ ја разбија физички инфериорната одбрана на Австрија и со 25:23 се влезе во последните 5 минути.

Тогаш Сиера ја уништи предпоследната опција на Австрија да се врати во мечот. На 8 секунди до крајот при 27:28, белите имаа напад, но не упатија удар, па на крајот само деветерецот на Силаги заврши крај дирекот. Во победничката репрезентација најефикасни беа Агинагалде со 8 и Канељас со 7 гола, а кај Австрија 6 гола постигна Шмит, а по 5 постигнаа Херман, Силаги, Вебер. Ако Данска ја совлада Унгарија вечерва, тогаш Шпанија четврт пат по ред ќе игра во полуфиналето на едно големо натпреварување.

Share