Веројатно 5 место во групата и 9,10 на шампионатот
По поразот од репрезентацијата на Исланд се поизвесно е дека пласманот на нашата репрезентација ќе биде класифициран во долниот дел од групата од 5 до 12 место. Ако Австрија не направи некое чудо, тогаш оваа репрезентација ќе биде последна шеста во 1 четвртфинална група во Хернинг, а ние ќе го заземеме петтото место.
Со оглед на тоа што последниот меч во среда го играме со најтешкиот можен противник, светскиот првак Шпанија, тогаш шансите за подвиг се сведени на минимум. Многу работи околу нашиот конечен пласман ќе бидат познати вечерва и утре по мечевите од второто коло во 2 група во Архус, според последните комбинации Белорусија и Австрија би требало да останат зад нас во класификацијата по четвртфиналните групи.