ФОТО: Магнус Висландер предизвика внимание во Архус
Најдобриот шведски ракометар на сите времиња и еден од најдобрите светски ракометари Магнус Висландер, за прв пат се појави во Архус, откако шведската репрезентација се пресели од Копенхаген близу 200 километри јужно. Тој веќе неколку години работи како коментатор на шведското радио и професионално си ја извршуваше својата задача за мечот Шведска - Русија.
Висландер како ракометар неколку пати го освојуваше европското првенство со Шведска на Матс Јохансон, а како радио коментатор им донесе среќа на швеѓаните да освојат медал само на олимписките игри во Лондон (сребрен медал). Сега веројатно ќе им треба чудо и две победи против Полска и Франција за пласман во полуфиналето и борба за медали во Данска.