Лазаров го урна и Целје, Нант врза серија на победи
![]()
Нант – Целје Пивоварна Лашко 38:27 (17:13)
Ракометарите на Нант влегоа во позитивна серија и во Лигата на шампионите и го декласира првакот на Словенија, Целје Пивоварна Лашко со 37:28. Во текот на целиот натпревар, екипата на Тјери Анти водеше, доминираше и не дозволи противникот ниту да доближи.
Лазаров во идеалниот тим на 6. коло на францускиот шампионат
![]()
Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров заслужено се најде во идеалниот тим на 6. коло на францускиот ракометен шампионат. Десниот бек постигна девет гола, меѓу нив и победничкиот во дуелот на неговиот Нант против Сесон Рен.
Лазаров автор на победоносниот гол, Нант го совлада Сесон Рен
![]()
Нант - Сесон Рен 29:28 (13:15)
Со голот на Кирил Лазаров на шест секунди во крајот, Нант ја продолжи серијата на победи во домашниот шампионат. Потешко од предвиденото е совладан тимот на Сесон Рен со 29:28 во шестото коло на францускиот шампионат. Лазаров беше феноменален и постигна девет гола, вклучувајќи го и победоносниот.
ПСЖ му се реваншира на Нант во француското дерби во ЛШ
![]()
ПСЖ – Нант 35:34 (19:16)
Моќниот тим на ПСЖ на македонскиот селектор Раул Гонзалез го совлада Нант на Кирил Лазаров со 35:34 во еден од дерби натпреварите од четвртото коло на Лигата на шампионите. Мечот во Париз мина во знакот на постојано водство на домаќините и покрај одличната партија на Лазаров, кој постигна шест гола.
Школата на Кирил Лазаров од времепловот во Битола во чест на Мате Шундовски
![]()
1.000 љубители на ракометот во спортската сала „Боро Чурлевски" во Битола го посетија вториот дел од манифестацијата во чест на легендарниот навивач Мате Шундовски. Битолчани се вратија во минатото, аплаудираа и се забавуваа во играта на Поповски, Димитровски, Николовски, Атанасовси, Манасков, Ѓорѓиевски и уште многу, многу други.
Нант ја распродаде „XXL Арената“ за дербито со ПСЖ за 24 часа!
![]()
Во Нант владее ракометна еуфорија и по пет одиграни кола во шампионатот на Франција, екипата на Кирил Лазаров запиша пет победи и се наоѓа на првото место на табелата. Домашната публика се надева на уште една историска сезона, па така за само 24 часа беа распродадени сите билети за големото дерби од шампионатот против ПСЖ на 20 декември.
Петта победа за Нант, положен тестот пред гостувањето во Париз
![]()
Ракометарите на Нант ја продолжија непогрешливата серија во францускиот шампионат и го совладаа Трембле на гостински терен со 28:32 со што ја запишаа петтата победа во исто толку натпревари. Три дена по триумфот над Скјерн, екипата на Тјери Анти авторитетно го доби дуелот со Трембле, со водство од првата до последната минута.
Скјерн немоќен во Франција, прва европска победа сезонава за Нант
![]()
Нант – Скјерн 35:27 (17:16)
По победата над Монпелје во францускиот шампионат во средата, ракометарите на Нант ја запишаа и првата победа во Лигата на шампионите. Во Франција падна Скјерн со 35:27 (17:16) и Нант ги залечи раните по поразите од Флензбург и ПИК Сегед.
Лазаров играше професорски, Нант го сруши европскиот првак
![]()
Нант – Монпелје 31:28 (16:17)
Европскиот шампион и вицешампион се сретнаа уште во четвртото коло на францускиот шампионат. Домаќинот го зголеми капацитетот на салата и 5.902 гледачи видоа спектакуларен нaтпревар во кој Нант по пет неуспеси по ред, го совлада Монпелје со 31:28 (16:17) . Дербито го водеа сестрите Бонавентура.
Нант цел меч водеше, но загуби по ужасен финиш во Сегед
![]()
ПИК Сегед – Нант 30:28 (11:12)
ПИК Сегед и Нант одиграа драматичен дуел во рамките на второто коло од групата Б на Лигата на шампионите, а по голема драма во финишот домашната екипа извојува победа со 30:28.




