hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Нант загуби во Прованс, втор пораз во четири дена за вицешампионот

ривера нант

Екс Прованс - Нант 31:29 (14:12)

Нант загуби на гостувањето кај Екс Прованс во рамките на 13. коло од првенството на Франција со 31:29 (14:12), што е втор пораз по ред во шампионатот, по оној во неделата од ПСЖ.

Повеќе...

ПСЖ подобар во дербито на шпанските тренери во Нант

lazarov protiv psg

Нант - ПСЖ 24:26 (11:12)

Второто соочување оваа сезона на Нант и ПСЖ им припадна на гостите од Париз, кои славеа на гостински терен со 24:26 (11:12) и го продолжија максималниот ефект во шампионатот. Дуелот на шпанските стручњаци на клупите во рамките од 11. коло му припадна на Раул, кој имаше подолга клупа за да го администрира цел натпревар.

Повеќе...

Лазаров најефикасен, Нант изненаден од Мотор Запорожје

Eo0wkEeXUAImtog

Нант - Мотор 31:32 (18:18)

Украинскиот претставник во Лигата на шампионите, Мотор Запорожје приреди големо изненадување, победувајќи го Нант среде Франција со 31-32, со многу умешна завршница. Ова е втора победа во последните три години за Мотор на теренот на Французиите.

Повеќе...

Лазаров се врати во тимот, Нант со победа се враќа од Данкерк

lazarov so dankerk1

Данкерк - Нант 20:25 (12:13)

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров оствари успешен камбек на ракометните терени откако го победи коронавирусот, настапувајќи за Нант на гостувањето против Данкерк. Екипата на нашиот ракометар извојува победа од пет голови разлика и со 20:25 се врати во Нант.

Повеќе...

Победа од 20 разлика за Нант против Сесон Рен

nant - ren

Нант - Сесон Рен 41:21 (15:12)

Втора победа во неколку дена и враќање на победнички стази за ракометарите на Нант. И без Кирил Лазаров момците на Алберто Ентрериос одиграа одлична партија и го победија Сесон Рен со 41:21 (15:12). Нант шутираше со прецизност од 73% и погоди 41 од 56 удари кон противничкиот гол.

Повеќе...

Поискусниот Пролет го совлада Голден Арт КЛ7 во драматичен финиш

Tineks-Golden-Art-KL7-1-of-1-3

Екипата на Голден Арт КЛ7 го претрпе петиот пораз оваа сезона во Суперлигата. Ако во првиот натпревар успеа да го совлада искусниот супелигаш Пролет, овој пат минимално загуби во рамноправен дуел кој на крајот пресуди домашното поголемо искуство.

Повеќе...

Голема победа на Голден Арт КЛ7 против Радовиш

kl7 - radovis

Голден Арт КЛ7 – РК Радовиш 31:26 (16:15)

Младите момци на Голен Арт КЛ7 дојдоа до голема победа над фаворитот Радовиш во Суперлигата. Откако во второто коло на гостувањето во Радовиш загубија со 33:29, овој пат се „одмаздија" за тој пораз и забележаа убедлива победа од 31:26.

Повеќе...

Нант ја освои „Златорог Арена“ и без Кирил Лазаров

celje - nant 2

Целје Пивоварна Лашко - Нант 25:31 (11:13)

Вицешампионот на Франција, екипата на Нант им се врати на победите и во Лигата на шампионите, иако во Словенија против некогашниот европски првак Целје Пивоварна Лашко настапи без нашиот Кирил Лазаров. Во дуелот од осмото коло од групата Б на Лигата на шампионите, Нант славеше со 25:31 и се доближи до потврда на место во нокаут фазата.

Повеќе...

Лазаров: Червар и Пасквал се големи авторитети, често разговарам со нив

jutarnji-1

Најдобриот македонски ракомeтар Кирил Лазаров деновиве разговараше со хрватскиот новинар Дражен Пиневиќ, во ексклузивното интервју за „Јутарњи лист" и „Спортске новости". Лазаров се осврна на корона-кризата, македонската репрезентација, тренерскиот занает и периодот помина во Загреб.

Повеќе...

Убедлива победа на Голден Арт КЛ7 во Струмица

kl71

РК Астраион Хендбол – Голден Арт КЛ7 25:33 (11:14)

Младите момци на Голден Арт КЛ7 запишаа нова победа во Суперлигата откако вечерва на гостувањето во Струмица ја совладаа екипата на РК Астраион Хендбол со резултат 25:33.

Повеќе...