ФОТО+ВИДЕО: Фалангата уморна и без сон не ги напушта ракометарите
Иако Севиља не беше најдостапна, иако е многу далечна, љубителите на ракометот од нашата земја и оние кои живеат во европските земји, уште еднаш покажаа зошто „Фалангата„ нема рамна на себе кога е во прашање ракометната пасија. Безброј откажувања, комплицирани летови, непреспиени ноќи, скапи аранжмани - ниту тоа не ги спречи нашите верни навивачи на различен начин да допатуваат во Андалузија.
ВИДЕО: Манасков заморен, но среќен после победата
Неговиот татко беше ударна игра пред 14 години на Светското првенство во Египет. Сега Дејан Манасков вртоглаво напредува во формата и квалитетот, но откри дека по натпреварот со Чиле чувствува замор.
ВИДЕО: Ангеловски смета дека репрезентацијата ја научи лекцијата
Битолчанецот кој долги години е во нашата репрезентација Бранко Ангеловски целосно го анализираше првиот натпревар на Светското првенство и се насочи на наредниот.
ВИДЕО: Безброј емоции за семејството Мирчески
Во последните 7-8 дена скоро сите во Македонија знаат за Јосиф Мирчески, прилепчанецот кој работи како научник во Севиља веќе четири години. Тој и неговата сопруга Јулија ја раскажуваат емоцијалната приказна поврзана со доаѓањето на „Фалангата„ во Андалузија.
ВИДЕО: Битолските навивачи од автомобил на трибини
Четворицата битолчани кои со посредство на официјалната веб страна на Кирил Лазаров и „Пелистерка„ добија билети и дресови од нашиот капитен, по скоро два дена возење и одмор низ половина Европа пристигнаа во Севиља денес во утринските часови.
ФОТО: Целото семејство Лазарови ги бодрат Кире и Филип
Иако скоро секаде е така во Шпанија уште повеќе заради тоа што таму е нивниот дом, целото семејство Лазарови во националните бои и со македнското знаме дојдоа во Севиља да ја бодрат целата репрезентација, посебно Кирил и Филип Лазаров.
ВИДЕО: Треперевме 60 минути, но совладан е Чиле со многу мака
23 Светско првенство - Шпанија 2013-01-12
Б група (Севиља)
Македонија - Чиле 30:28 (12:10)
Во полупразен амбиент во „Павиљон Сан Пабло„ и неколку стотици членови на фалангата направија одличен амбиент на првиот меч од Б групата. Нашиот почеток беше нервозен како и скоро секогаш на првите мечеви на големите натптреварувања. Наумче Мојсоски прв ја превзеде иницијативата и изнуди два седмерци во првите три мунути.
ВИДЕО: Македонија - Чиле (Најава)
Време е да се заборават сите добри и лоши страни во овие повеќе од три недели подготовки на машката ракометна репрезентација за мундијалот во Шпанија. Време е да се остават зад себе одличните подготовки во Пореч, трите контролни средби, тренажниот процес без повреди, широкиот избор на Шундовски.
Домаќинот не се ни испоти против Алжир
Шпанија - Алжир 27:14 (14:5)
Преку 12.000 гледачи во „Каха Махика„ во Мадрид присуствуваа на мечот на отворањето на Светското првенство во ракомет кое се одржува во Шпанија. Токму домашната репрезентација, очекувано не дозволи изненадување во мечот со аутсајдерот Алжир. Податокот дека фуријата прими само пет гола во првото полувреме, доволно говори за разликата во квалитет. Голманот на ПСЖ, Хозе Мануел Сиера од самиот почеток покажа дека е расположен и со серија на интервенции ги сопре ривалите. И без неколку стандардни репрезентативци кои заради повреди не влегоа во официјалниот ростер или се чуваат за наредните средби, Шпанија беше најмалку за класа над противникот.
Хансен опоравен, Исланд без најдобрите стрелци
Хансен доби зелено светло од лекраскиот тим за настап на Светското Првенство,и ќе биде дел од составот на Данската репрезентација. Но треба да се обрне внимание дека Микел едноставно нема да може да го одигра целиот натпревар. Неговата минутажа во првата фаза би требало да движи максимум до 30 минути.