hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ASOBAL дебито на 12 септември

kire 30 08 2012

Шпанската ракометна федерација ги објави судиите и сатницата заради ТВ потребите на новата сезона во ASOBAL лигата. Така Атлетико Мадрид на Кирил Лазаров ќе дебитира наредната среда во 20:30 часот со директен пренос на порталот на Кирил Лазаров. Познати се и делителите на правдата за првото коло.

Повеќе...

Магнус Дал на голот Атлетико Мадрид

magnus

24 норвешки голман Магнус Дал му се приклучи на Атлетико Мадрид за претстојната сезона. По домашниот Филинген и францускиот Париз, талентираниот норвешки голман ќе се обиде да му помогне на Хавиер Омбрадос во предизвиците во ASOBAL и VELUX ЕХФ Лигата на шампионите.

Повеќе...

Победа, прво место и полуфинале

zamalek 1

Атлетико Мадрид - Замалек 29:25 (12:15)

Египетскиот повеќекратен првак Замалек беше последниот ривал на Атлетико на Кирил Лазаров во А групата на IHF Супер глоб 2013. Во игра беше првата позиција и на хартија нешто полесен противник во полуфиналето во петок.

Повеќе...

Методиста со видлив прогрес

talant dush. 1
 
Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Игравме многу подобро отколку во првиот натпревар и нашиот развој е чекор по чекор. Морам да му честитам бразилската екипа, бидејќи тие навистина одиграа добар натпревар и покажаа голем напредок во споредба со минатото. Тоа е добро за ракометот во целина ако тимови како Методиста се уште подобри на наредните турнири.

Повеќе...

Втора победа и полуфинале за Атлетико Мадрид

kire temen dres golema

Атлетико Мадрид - Методиста СБ 34:27 (16:16)

Првата цел ракометарите на европскиот вицешампион Атлетико Мадрид ја остварија. Со две победи во својата група обезбедија полуфинале и тоа од првата позиција. Во вториот натпревар денес победен бразилскиот и јужноамериканскиот првак Методиста Сан Бернардо од Сао Паоло.

Повеќе...

Душебаев и Калман задоволни од победата

doh1
 
Талант Душебаев
(тренер на Атлетико Мадрид)

Бев навистина возбуден, зошто не знаев пред натпреварот што ние можеме да сториме во Доха. По Олимписките игри имавме само шест дена за подготовка и ова е нашиот прв натпревар во новата сезона.

Повеќе...

Лазаров лидер, Атлетико до победа во вториот дел

kire 28 08 2012

Атлетико Мадрид - Ал Јаиш 28:23 (11:13)

Прв меч и прва победа на Кирил Лазаров и неговиот Атлетико Мадрид на IHF Супер глоб, кој денес започна во Доха. Иако катарската екипа Ал Јаиш демонстрираше многу силен отпор, сепак во второто полувреме беше скршен отпорот на екипата водена од хрватот Ивица Обрван.

Повеќе...

Штербик не отпатува за Доха

sterbik2
 

Сосема неочекувано шпанскиот репрезентативен голман и еден од најдобрите чувари на мрежата во светот, Арпад Штербик во неделата не се појави на аеродром на патот од Мадрид за Доха.

Повеќе...

Балиќ и Екберг не добија дозвола за настап во Доха

ekberg

Последните извршени трансфери на екипите учесници на IHF Супер глоб 2013 не добија „зелено светло„ од организаторот да бидат внесени во официјалниот протокол. Така Ивано Балиќ нема да може да настапи за Атлетико Мадрид на целиот турнир, а ист е случајот и со швеѓанецот Екберг кој стави потпис на договорот со Кил.

Повеќе...

Балиќ: “Сакам да ја освојам Лигата на шампионите”

ivano balic
 
Новиот играч на Атлетико Мадрид, Ивано Балиќ се приклучи на тимот и дисциплината на Талант Душебаев. Во своето претставување рече дека е многу среќен што е во Мадрид и сака да ја освои Лигата на шампионите со Атлетико. По неговото доаѓање во тимот изјави дека тоа е најдобрата опција за него:

Повеќе...