hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Кире џабе зборува, РФМ не го слуша!

kirelazarov5 33402

Спортскиот портал „ЕКИПА„ објави текст во кој дознава за нов преседан во македонскиот ракомет, директно поврзан со опомените на нашиот најдобар ракометар во врска со нашата ракометна иднина. Кире Лазаров веќе неколку години наназад предупредува дека успеси не треба да се бараат само од сениорската репрезентација, туку дека мора да се обрне внимание и на младинските селекции, од каде што мора да се црпат талентите во овој спорт.

Повеќе...

Пак во вториот дел, Атлетико ја заврши работата

kire 23 09 022012 copy

Атлетико Мадрид - Хелветиа Анаитасума 36:31 (15:16)

Првиот меч игран точно на пладне, Атлетико Мадрид го дочека свеж, без обврски на средината од неделата и со мотиви да го декласира тимот на Хелветиа, слично како лани кога беше 37:23. Но овој пат жилавите баскијци не мислеа така. Лазаров доби шанса во стартниот тим во постојаниот систем на ротација на Душебаев и веднаш асистираше за првиот гол во мечот на Гарсија Парондо.

Повеќе...

Перковац главниот адут на швајцарците

svajcarija rakomet
 
Полека се ближи стартот на квалификациите за Европското првенство во Данска, а репрезентацијата на Швајцарија е првиот наш ривал во Скопје, на крајот од октомври. Оваа репрезентација долго не била учесник на едно големо натпреварување, а за да излезе на мегдан со „црвено-жолтите„ мораше да мине предквалификации, каде забележа две победи и имаше едно реми:

Повеќе...

Лазаров во уште еден идеален тим!

handball woche

Признанијата за македонскиот ракометен „бисер„ не престануваат. Само два дена откако беше поздравен заедно со целата екипа на Атлетико Мадрид на стадионот „Висенте Калдерон„ сега е во потесниот избор за место во идеалниот тим на Лигата на шампионите, според престижниот „Handballwoche„. Во натпреварувањето во кое нашиот ас игра повеќе од една деценија и во два наврати беше најдобар стрелец, сега на две недели во групната фаза во сезоната 2012/13, се најде во избраното друштво.

Повеќе...

Пресврт победа на Атлетико, Лазаров стандардно добар

kire 15 09 2012222

Гвадалахара - Атлетико Мадрид 27:33 (18:16)

Првото гостување за Лазаров и другарите беше во близина на Мадрид, кај амбициозниот тим на Гвадалахара со тренерот Матео Гаралда, србинот Ненадиќ, голманот Гомез и Радуловиќ. Гостите допатуваа без оперираниот Маркусен, ровитиот Јуркиевич, Гарсија Парондо и без капитенот Омбрадос.

Повеќе...

Познат идеалниот тим на соиграчи на Кирил Лазаров

kire

Како помош за наградната игра на официјалната веб страна на Кирил Лазаров, минатиот месец нашиот ракометар понуди неколку алтернативи на секое место, за да им биде полесно на неговите „фанови„ да ги одберат најдобрите соиграчи.

Повеќе...

Првите пет меча на Македонија на мундијалот чинат 4.500 денари

kire 15 09 2012
 
Вкупно 75 евра или 4.500 денари ќе им бидат потребни на припадниците на македонската фаланга за да ги бодрат Кирил Лазаров и останатите ракометари на сите пет меча од првата фаза на Светското првенство кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари 2013 година во Шпанија.

Повеќе...

В недела Лазаров и екипата на „Висенте Калдерон„

kire 14 09 2012

В недела од 21:30 часот на стадионот „Висенте Калдерон„ во Мадрид во рамките од 4 - коло од шпанската фудбалска Ла Лига, ќе се игра градското дерби меѓу Атлетико Мадрид и Рајо Валекано. Пред почетокот на средбата ракометната секција на клубот со нашиот Кирил Лазаров ќе продефилира на тревникот со пехарот од IHF Супер глоб 2013 или клубската светска титула освоена во Доха пред две недели.

Повеќе...

На 25 септември ждребка за новиот Шпански Куп

pehar copa del rey

Ждрепката за вториот круг на Купот на Кралот 2012/2013 ќе се одржи во вторник на 25 септември 2012 во 14:30 часот во седиштето на ASOBAL во Сант Џоан Деспи (Барселона).

Повеќе...

Објавена сатницата за Светското првенство

kire 13 09 2012

Два натпревари во првиот термин, два во вториот и само еден натпревар во вечерниот термин е одлуката за сатницата на Светското првенство на македонската репрезентација. Организаторот заедно со шпанската национална телевизија, која ги има ТВ правата за првенството веќе ги дефинира поголемиот дел од термините за турнирот.

Повеќе...