hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

Моќно издание на Македонија во Прешов, Мундијалот во Германија на дофат

487935285 1094547929372106 316844530856868668 n

Словачка - Македонија 24:31 (13:18)

Ракометната репрезентација на Македонија направи огромен чекор кон обезбедување место на Светското првенство, откако вечерва во Прешов славеше убедлива победа над Словачка со 24:31 во првиот бараж-дуел. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров уште во првото полувреме покажаа дека се поквалитетен ривал. При нерешени 9:9, направивме серија од 4:1, по што одржувавме два-три голови разлика до пред паузата, а при позитива од 13:16, со головите на Костески и Кузмановски по првите триесет минути водевме со 13:18. Во второто полувреме одигравме уште подобро, контролиравме предност од пет-шест голови разлика, а во 43 минута дојдовме и до највисоки 25:17 по погодокот на Џонов.

Повеќе...

„Словачка е неатрактивен, но тоа не значи дека е неквалитетен противник“

bea14231-b393-4e07-b6b2-1c4dca7499821

Maшката ракометна репрезентација на Македонија вечерва гостува кај Словачка во првата од двете битки против селекцијата на Словачка за пласман на Мундијалот во Германија наредната година.

Повеќе...

Ракометарите со чартер лет заминаа за Прешов

696501348 1307539081507888 2426308306847812967 n

Македонската ракометна репрезентација денес замина за Словачка, каде што на 14 мај во Прешов ќе го одигра првиот бараж-натпревар против словачката селекција за пласман на Светското првенство 2027.

Повеќе...

Лазаров: Треба да бидеме внимателни и максимално фокусирани на двата натпревари

Kiril-Lazarov-gives-instructions-to-his-players-during-the-group-F-Handball-World-Championship-match-between-North-Macedonia-and-Netherlands--780x470

Селекторот на нашата ракометна репрезрентација Кирил Лазаров денеска го имаше првиот собир со кој започнуваат со подготовки за двомечот со Словачка кој треба д аја однесе нашата репрезентацоија на завршницата на уште едно Светско првенство, овој пат а во Германија во 2027 година. Поради добриот настап на последниот голем турнир, Македонија ја прескокна првата бараж фаза и беше поставен како фаворит од првиот шешир, па нашиот репрезентативен тим за противник во финалниот бараж ја доби селекцијата на Словачка.

Повеќе...

Ракометарите се собраа во Скопје пред двомечот со Словачка

kire10052026

Машката македонската ракометна репрезентација на Македонија, денес се собра во Скопје, каде ќе одработи мини подготовки за баражите со Словачка. Селекторот Кирил Лазаров на направи првата прозивка на дваесетмина ракометари кои се најдоа на неговиот список.

Повеќе...

Лазаров го скрати списокот за бараж натпреварите против Словачка

rakomet-mkd-tim-2

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари за пристојниот бараж со Словачка. Лазаров денес објави нов список од дваесет ракометари, откако на првиот имаше 35 имиња.

Повеќе...

Познат широкиот список за бараж натпреваарите меѓу Македонија и Словачка

5603029 img-1907 ls

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација, Кирил Лазаров денес го објави поширокиот список на играчи за претстојниот бараж натпревар за светското првенство 2027, против репрезентацијата на Словачка.

Повеќе...

Момците на Лазаров ќе ги почнат квалификациите против Грција

1vasifrdvdf

Македонските ракометари добија поволна група, во која ќе играат со еден гигант и два аутсајдери. Шведска е голем фаворит во групата, а преки Грција и Луксембург треба да се избориме за пласман на шампионатот во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Повеќе...

Македонија ги доби Грција, Шведска и Луксембург во евро-квалификациите

rakomet-mkd-ep-mkd-dan-himna

Македонската ракометна репрезентација ги дозби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство 2028 година кое ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Повеќе...

Словачка противник во мундијалскиот бараж, првиот дуел на гостински терен

8153b40f-da99-4ee4-90ff-b30cfcfc4e94

Словачка ќе биде противникот на македонската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година. Ова стана јасно откако Словачка со вкупен резултат го доби двомечот против Украина.

Повеќе...