hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Познати првите добитници на наградната игра

kire 26 10 2012

Официјалната веб страна на Кирил Лазаров ги одбра наградените од првите два циклуса од наградната игра.

- Со колку клубови Кирил Лазаров настапувал во Лигата на шампионите (или Купот на шампионите) и кои се тие клубови?

- Точен одговор: Со 5 екипи (Борец, Пелистер, Загреб (Кроација Осигурање), Веспрем, Атлетико Мадрид (Сиудад Реал)

- Добитник на наградата: Кристијан Јорданов од Велес (дрес на Атлетико Мадрид)

Наградата може да ја подигне по завршувањето на мечот Македонија - Швајцарија 31.10.2012 во СРЦ „Борис Трајковски„ - Скопје. Наградата лично ќе му ја врачи Кирил Лазаров.

И покрај тоа што ниту еден од учесниците во наградната игра не го погоди идеалниот тим на соиграчи на Кирил Лазаров, сепак еден среќен добитник ќе го добие дресот на Македонската ракометна репрезентација.

Идеален тим на соиграчи:

ГОЛМАН: ДЕЈАН ПЕРИЌ

ЛЕВО КРИЛО: ЈОНАС КАЛМАН

ЛЕВ БЕК: КАРЛОС РЕИНАЛДО ПЕРЕЗ

СРЕДЕН БЕК: ДОМАГОЈ ДУВЊАК

ДЕСНО КРИЛО: ЛУК АБАЛО

КРУЖЕН НАПАЃАЧ: ХУЛЕН АГИНАГАЛДЕ

ОДБРАНБЕН СПЕЦИЈАЛИСТ: ДИДИЕ ДИНАР

ТРЕНЕР: ТАЛАНТ ДУШЕБАЕВ

Добитник на наградата: Никола Стојчевски (дрес од репрезентација на Македонија)

Наградата може да ја подигне по завршувањето на мечот Македонија - Швајцарија 31.10.2012 во СРЦ „Борис Трајковски„ - Скопје. Наградата лично ќе му ја врачи Кирил Лазаров

Официјалната веб страна на Кирил Лазаров доделува билети за натпреварот Македонија - Швајцарија на 31.10.2012.

Среќни добитници се:

- Наташа Јосифовска (2 билети)

- Ангела Јосифовска (2 билети)

- Панче Зиковски (2 билети)

Добитниците наградите можат да ги подигнат во среда на денот на натпреварот до 14 часот во хотелот „Александар Палас„ во Скопје.
Честитки за сите добитници, а за останатите следете ја ФАН Зоната на официјалната веб страна на Кирил Лазаров, ве очекуваат вредни награди.

 

Share