hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса и Атлетико лидери и во фудбал и во ракомет

kire-falcao

Некои работи во шпанскиот фудбал не се случуваат така често. Така хегемонијата на Реал Мадрид и Барселона во фудбал трае и ќе трае и во иднина. Но она што паѓа в очи во првите два месеци од фудбалската и ракометната сезона е доминацијата на Барселона и Атлетико Мадрид. И двете екипи во двата спорта (фудбал и ракомет) имаат ист број на бодови. И додека во фудбалската Ла Лига по 8 кола, екипата на Диего Пабло Симеоне има имперсивни 22 од можните 24 бода, го дели првото место со Барселона на Тито Виљанова. Само едно реми со Леванте на гости за Атлетико и само поделба на пленот со Реал Мадрид во Каталонија за Барселона е билансот на колидерите. 11 гола на Меси, наспроти 9 на Фалкао - двајцата најодлучувачки фудбалери во Шпанија. Меѓусебниот дуел е на 16 декември на „Ноу Камп„ во Барселона. Навивачите на Атлетико Мадрид на титула чекаат од 1996 година.

И ако во фудбалот прашање на време е кога Реал Мадрид ќе се приклучи, во ракометот познато е дека Барселона и Атлетико Мадрид ќе се борат за титулата до самиот крај. По 7 кола нема ниту најава за кикс, а првиот нивни меѓусебен дуел е на 8 декември во Палау Висталегре во Мадрид. И ако во фудбалот се слават головите на Фалкао, во ракометот нашиот Кирил Лазаров е прв клубски стрелец со 35 гола на 7 меча (5 гола по натпревар). Со овој биланс Лазаров е еден од најдобрите стрелци во цела лига. Ракометарите на Атлетико Мадрид не биле прваци на Шпанија од 1985-86, иако претходникот Сиудад Реал беше прв во ASOBAL лигата пред три сезони.

Share