hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шундовски со проверени сили

reprezentacija

Селекторот на македонската машка ракометна репрезентација го објави списокот на репрезентативци за стартот на квалификациите за ЕП во Данска 2014 година. За мечевите со Швајцарија на 31 октомври и со Португалија на 4 ноември нема да има измени во споредба со тимот кој настапуваше на Олимписките квалификации во Гетеборг во април и во двомечот со Австрија во јуни.

Голмани: Борко Ристовски (Гумерсбах), Никола Митревски (Металург), Петар Ангелов (Металург);

Лево крило: Дејан Манасков (Металург), Стевче Алушевски (Металург), Гоце Ојлески (Вардар);

Десно крило: Владимир Темелков (Башараж), Златко Мојсовски (Металург), Гоце Георгиевски (Металург);

Десен бек: Кирил Лазаров (Атлетико Мадрид), Милан Левов (Металург);

Централен бек: Наумче Мојсовски (Металург), Филип Миркуловски (Металург);

Лев бек: Бранислав Ангеловски (Констанца), Велко Марковски (Металург), Ацо Јоновски (Металург), Филип Лазаров (Вардар ПРО), Мите Стоилов (Металург);

Кружен напаѓач: Ванчо Димовски (Металург), Стојанче Стоилов (Вардар ПРО) и Никола Маркоски (Вардар ПРО).

Првиот голман Борко Ристовски нема да настапи на првата средба заради црвениот картон во бараж мечот со Австрија.

Share