hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров го посети Омбрадос

kire 23102012

На натпреварот со Веспрем во Лигата на шампионите, најтешкиот удар за играчите, стручниот штаб и навивачите на Атлетико Мадрид не беше тесниот пораз со пресврт во финишот, туку тешката повреда на капитенот и миленикот на „фановите„ Хосе Хавиер Омбрадос. Неколку дена подоцна голманот на репрезентацијата на Шпанија беше успешно опериран на лигаментите од коленото и веќе го започна долгиот процес на рехабилитација. По победата над Кангас и во отсуство на натпревар сред недела, нашиот ракометен ас Кирил Лазаров го посети својот капитен за уште еднаш да му изрази подршка во овие нималку лесно моменти за каризматичниот 40 годишен голман.

Лазаров е во одличен однос со Хосеха Омбрадос и знае колку тој ќе недостига на голот, но и како капитен и лидер во тимот на Талант Душебаев. Се сеќаваме на мал милион минијатури на голот на Омбрадос, од кои последна во финалето на IHF Супер глоб во Доха, кога ги неутрализира европските прваци на Кил. За тоа колку овој ракометар значи за Атлетико Мадрид говори и податокот дека клубот веднаш му го продолжи договорот, покажувајќи му доверба кога таа му е најпотребна. Лазаров и Омбрадос убаво поразговараа и иако е прерано за прогнози и двајцата се понадеваа дека можеби во еден од двата меча на Македонија и Шпанија во квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 ќе бидат еден против друг. Мечевите ќе се играат на 03/04 април во нашата земја и на 06/07 април во Шпанија. Покрај Атлетико со повредата на Омбрадос губи и селекторот на Шпанија Валерио Ривера, кој нема да смета на капитенот на репрезентација на Светското првенство во јануари токму во Шпанија.

Share