hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Егзибиција на Атлетико Мадрид

kire 21 10 2012

Атлетико Мадрид - Кангас 34:13 (17:6)

Ако има најдобра медицина против неочекуван пораз, тоа сигурно е убедлива победа. Ако во Европа не му оди најдобро на Атлетико Мадрид, во ASOBAL лигата победничката серија продолжува. Против слабиот тим на Кангас и без неколку стандардни првотимци, екипата на Лазаров стигна до најубедливата победа во сезоната и една од највисоките во целото првенство. Ако на претходните мечеви редовно лошо почнуваа и дури во вториот дел личеа на себе, сега мадриѓани имаа целосна контрола од самиот старт. Масач и Лазаров постигнаа по два гола и веќе во 4 минута беше 5:0 за екипата на Талант Душебаев. Дури во 10 минута Рубен Гарсија го постигна првиот гол за Кангас за 6:1. Но Калман, Масач и Лазаров во само две минути врзаа мини-серија за убедливи 10:2 во 18 минута. Како никогаш оваа сезона, мечот се одвиваше лесно, без притисок и со дилема само каков ќе биде финалниот скор. Кога Лазаров во 25 минута го постигна четвртиот гол, предноста на домаќините веќе беше двоцифрена (15:4). До одморот Родригез и Марио Ласица ублажија и со +11 Атлетико Мадрид победата можеше да ја впише уште на полувреме.

И вториот дел почна како првиот и со два гола на Еду Фернандез и еден на Калман, екипата на нашиот капитен зголеми на 20:7. Душебаев одлучи да ги ротира сите ракометари, па и оние најмладите добија шанса. Во централната фаза на второто полувреме Кангас прими шест последователни гола и предноста стана неподносливо висока. Во таа серија Лазаров впиша уште два гола за 32:10 во 53 минута. До крајот Фелдман и Гарсија со два гола во последната минута ги поставија финалните 34:13. Во победничката екипа најефикасен беше Масач со 7 гола, а Лазаров и Еду Фернандез постигнаа по 6. Нашиот интернационалец одигра одличен меч со 6 гола од 8 обиди и максимални 3 од 3 од седмерци. Во поразениот Кангас, Гарсија постигна 4 гола без промашување. Атлетико Мадрид продолжува без загубени бодови во домашното првенство и има една недела до мечот со Вила де Аранда да ги залечи повредите на Балиќ и Маркусен за наредните важни мечеви.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

Share