hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров одличен, Атлетико пак поразен

kire17102012velux

Савехоф - Атлетико Мадрид 35:30 (17:16)

По поразот од Веспрем сред Мадрид и пред се по тешката повреда на каризматичниот капитен Хозе Хавиер Омбрадос, на Атлетико Мадрид му требаше реакција на тешкото гостување во Скандинавија. По брзо примениот прв гол, шпанците возвратија и за само 50 секунди преку Масач од седмерец и Јуркиевич од контранапад поведоа со 1:2. На истекот на шестата минута првиот гол од неговата стандардна позиција го постигна и нашиот Лазаров за 2:3.Погоди и од казнен удар во 8 минута за 3:3 и додаде до Дејвис минута подоцна за 3:4 за екипата на Атлетико Мадрид. Домаќините преку Фриден и Фрајзен долго време парираа во играта и резултатот. Кога Бараше погоди од контра во 11 минута, за прв пат една екипа имаше 2 гола предност (4:6). Лазаров и Јуркиевич погодија два неодговорени гола и при 5:8 во 13 минута, домашниот стручен штаб побара тајм-аут. Првото име во мечот, Кирил Лазаров погоди и во четвртиот удар во мечот за 7:10 во 16 минута. Во ритам влезе и норвежанецот Дал на голот и европскиот вицешампион одржуваше 2-3 голови предност. Малерот на повредите кај Атлетико продолжи и во 17 минута, Алваро Ферер се лизна на левата нога и необично движење направи неговото десно колено, па ја напушти играта со надеж дека лигаментите се во ред за наредните средби. Кристијан Близнак и Нилсен го доближија Савехоф до 9:10, дури и пивотменот Родин израмни на 11:11, а Фриден по втор пат го донесе шведскиот првак во водство. По серијата на технички грешки, Форсел погоди за 15:14 во 26 минута, Јоханесон го одбрани зицерите на Ромеро, па требаше Лазаров да погоди од 7 метри за Атлетико да се „разбуди„ Но на 5 секунди до одморот Форсел од 10 метри ја погоди мрежата на Дал за 17:16 на одмор.

Ниту почетокот на вториот дел не донесе промени во инерцијата на мечот. Слаби одбрани, мал број на голмански интервенции и голови на Апелгрин од седмерец за одржување на +1,+2 за швеѓаните. Лазаров со шестиот гол (сите од игра со скок шут и со 100% реализација) за прв пат во вториот дел го донесе Атлетико во водство (20:21). Првото промашување за македонецот беше ударот во пречката во 41 минута при 23:23. Шпанците останаа без одговор на брзата игра на Савехоф, а освен Лазаров немаше расположен шутер кај Душебаев. Така Родин и Тонесон за прв пат му донесоа +2 на швеѓаните (27:25). Кога Форсберг го одбрани седмерецот на Масач, јасно беше дека Душебаев во вклучил „алармот„ Тонесон со својот втор гол за прв пат донесе осетливи 3 разлика за шведскиот првак во 49 минута, а потоа Апелгрин го казни нереализираниот седмерец на Масач за 30:26. И покрај ротацијата на Талант, нашиот ас се врати место Бараше во последните 8 минути. И додека Агинагалде се обидуваше да ја спаси сутуацијата, но Близнак и Фосел Шеверт ја вратија дистанца од 3-4 гола, а време имаше се помалку. Кога Близнак погоди за 5 разлика, неколку илјади швеѓани веќе почнаа да слават. Финалните 35:30 ги откриваат многубројните лимити на екипата на Атлетико Мадрид.

Ниту добриот натпревар за Кирил Лазаров и неговите 6 гола и 3 асистенции не го спасија Атлетико Мадрид од третиот пораз во четвртата средба во Лигата на шампионите. На трибините неколку наши семејства со нашето знаме со подршка за Лазаров го бодреа нашиот капитен и против шведскиот шампион. Кристијан Близнак со 7 и Форсберг Шеверт со 6 гола најефикасни кај Савехоф. За екипата која пред 50 дена стана светски клубски првак, тоа е катастрофален старт во оваа тешка група. Ниту повредите на Омрадос, Маркусен и Балиќ не се алиби за последните средби во кои Атлетико личеше на себе само на моменти. В недела следува дуелот во ASOBAL лигата со Кангас, а таму на екипата на Душебаев резултатски добро му оди.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

Share