hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Омбрадос опериран, Атлетико во потрага по голман

kire 17 10 2012

Голманот на Атлетико Мадрид и на шпанската репрезентација Хозе Хавиер Омбрадос на натпреварот со Веспрем во неделата од Лигата на шампионите ги повреди лигаментите на коленото и најверојатно за него оваа сезона е завршена. Омбрадос има 40 години и по операцијата го очекува долг период на рехабилитација и прашање е дали ќе биде подготвен да ја продолжи и кариерата. Повредата на голманот на Атлетико Мадрид е сериозен удар за тимот каде настапува Кирил Лазаров, особено што во преодниот рок на Барселона и беше продаден голманот од ланската сезона Арпад Штербик. Хендикеп е и за и репрезентацијата на Шпанија која на почетокот на 2013 година е домаќин на Светското првенство.

Share