hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Наџи „го освои„ Мадрид

kire 14 new

Атлетико Мадрид - Веспрем 26:27 (13:15)

Супер засилениот унгарски првак Веспрем со големо шпанско влијание, придонесе „Висталегре„ да биде одлично пополнет, иако далеку од полн. Лазаров се радуваше на средба со неговата бивша екипа, посилна од било кога.Тренерот Ортега и засилувањата од калибарот на Наџи, Чема Родригез и Угалде, ги натераа шпанците максимално да го почитуваат својот противник. Мечот беше дуел во дуел на изворедните леваци во ASOBAL минатата сезона Лазаров против Наџи. Токму унгарецот го постигна првиот гол во мечот. Минута подоцна Јуркиевич од чекор израмни на 1:1. Но двата врзани гола на Дејвис и Лазаров донесоа прво водство на Атлетико (3:2) во 6 минута.

 Македонскиот ас потврди дека добро влезе во мечот и со ефектен гол во 10 минута зголеми на 4:2. Талант ги разигра скоро сите ракометари, па и Бараше од контра зголеми на 5:3. Кога гостите возвраќаа со голови на Чема или Наџи, играта на шпанците стануваше се по разновидна. Лазаров со асистенција на линијата го најде Агинагалде за 6:4. Кружниот напаѓач и Масач го донесоа првото одлепување на 8:5 во 18 минута. Но и гостите имаа свои адути и Наџи, Терзиќ и Онето донесоа израмнување (8:8), а Дал го замени на голот повредениот Омбрадос. Серијата на Веспрем од 4:0 им донесе и водство со голот на Чачар. Кога Маркусен погоди за 11:11 во 25 минута, Иштван Чуш заработи 2 минути исклучување, заради намерно туркање додека данецот беше во воздух во скок-шут. Целата втора половина од првиот дел мина без скоро ниту една интервенција на голманите и во игра гол за гол Агинагалде израмни на 12:12. Кога Дал врза две последователни одбрани, Маркусен од контранапад го врати водството (13:12). Но повредата на Омбрадос психолошки го „пресече„ ритамот на црвено-белите и Онето со два гола од линијата од шест метри го доведе Веспрем до 13:14. По тајм-аутот на Душебаев, наместо акција за реми на полувреме, Веспрем умешно украде и Иванчик од контранапад на одмор донесе +2 за унгарците. Дури 9 загубени топки на Атлетико Мадрид, наспротив само 2 на Веспрем беше главниот статистички податок кој ја оправдува минималната предност на гостите.

На стартот на вториот дел Бараше и интервенциите на Дал ги вратија домаќините во егал позиција (18:18). Во збркан дел од средбата со два гола на Гојун, Атлетико Мадрид поведе со 21:20 и Антонио Карлос Ортега побара минута одмор. Позитивниот момент, Атлетико го комплетираше со третиот гол на Лазаров за 23:21 во 50 минута. Кога и дефанзивецот Гојун се претвори во стрелец половина минута подоцна, започна почетокот на крајот на Веспрем. Но до крајот имаше уште доста, а унгарскиот првак веруваше во пресврт. Во игра со многу поцврсти одбрани, секоја од екипите мораше да се намачи да стигне до гол, а се разбранија и Алиловиќ и Дал. По долг пост се разбуди и Ласло Наџи и со својот трет гол намали на 25:23. Кога во 56 минута Иванчик реализираше контра, се врати драматиката во финишот (25:24). И кога најмногу требаше затаи нападот на домаќините.

Наџи од позиционен напад израмни (25:25) во 57 минута. И по три минути без постигнат гол Јоан Канељас под прекршок, ефектно го врати водството. Финишот како да беше игра на Атлетико против Наџи, бидејќи унгарецот пак погоди за 26:26. На 100 секунди до крајот на средбата, Алиловиќ го одбрани седмерецот на Лазаров, а Наџи од контранапад донесе капително водство на гостите (26:27). И покрај внесувањето на седми ракометар во поле, Атлетико не успеа да упати удар кон голот на Алиловиќ и Веспрем со финиш во знакот на Ласло Наџи го однесе целиот плен од Шпанија. Втор пораз на европскиот вицешампион на домашен терен во Б групата. Иранскиот ракометар Жамали вгради 5 гола во победата, во која Алиловиќ и Наџи беа луѓето на одлука. Лазаров постигна 3 гола, а повредата на првиот голман Омбрадос и неиграњето на повредениот Балиќ, скапо ги плати екипата на Душебаев. Шанса за поправање на впечатокот, мадриѓаните имаат в среда во Шведска со Савехоф во 4 коло.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

Share