ВИДЕО: Лазаров и Хрватска - добитна комбинација
Не само што долги години играше во Хрватска и има серија на обожаватели во оваа земја, нашиот најдобар ракометар има неизбришлива врска со оваа земја, па често ја користи како идеална дестинација за одмор со семејството. „Еве веќе трета кога како летувам во Дубровник. Еднаш кога настапував за Загреб, дојдовме тука да играме во полуфиналето на Купот на Хрватска и веднаш градот ми се допадна. Овде ми се допаѓаат многу работи. Пред се ми се допаѓа климата, никогаш не е ни претопло и преладно. Мене ми е важно да има добра плажа, добар хотел, добро сместување да се одморам и да се подготвам за следната сезона. Целиот комлекс „Валамар„ ми се допаѓа, бидејќи веќе две години сум во „Президент Хотел„ сега дојдов во „Валамар Лакрома„. Навистина сум изненаден, тука има се што може да посака еден турист, посебно спортист. Дубровник ми е една од омилените дестинации и така ќе остане и во иднина„ заврши Лазаров во кратката но пријатна сторија поврзана со еден од најубавите градови на континентот.