hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико едвај, Лазаров со 6 гола

kire 10102012

Алсер Порто Сагунто - Атлетико Мадрид 29:31 (14:15)

За гостувањето во околината на Валенсија, тренерот на Атлетико Мадрид Талант Душебаев се одлучи да ги одмори Балиќ, Јуркиевич, Гојун, Дал и Агинагалде. Сепак за време на викендот доаѓа силниот Веспрем, па посебно Лазаров против својот бивш клуб и останатите ќе имаат многу потешка задача од вечерва. Првите минути во новата ASOBAL сезона ги одигра залечениот Маркусен, кој веднаш по голот на Ромеро, погоди за 1:2.Борбената екипа на Порто Сагунто преку Латоре намали на 2:3. Но мадриѓани видливо сакаа да го разиграат Маркусен, па данецот често имаше идеални комбинација за неговиот скок-шут. Следуваа ефектни голови на Канељас кај гостите и Руис кај домаќините за 5:6 во 8 минута.

По првото домашно исклучување , Лазаров во 10 минута го постигна првиот гол за (6:7). 39 годишниот Латоре беше мотор во играта во нападот на Порто Сагунто и на крилата на близу 2.000 гледачи, домаќините дадоа се од себе за скапо да ја продадат својата кожа. По првиот седмерец на средбата домашниот голман Бруксола ја прозре намерата на Лазаров. Од следниот напад Даниел Чернов израмни на 8:8. Омбрадос не успеваше ништо да одбрани, па 22 години помладиот Диез застана меѓу стативите. Во нападите што следеа аситенциите на Лазаров донесоа голови за Парондо и Канељас. Кога десното крило Бериос го постигна првиот гол, во 18 минута Сагунто прв пат поведе. И кога домаќините помислија дека ќе побегнат, Лазаров со својот втор гол намали на 11:10 и изнуди исклучување на Серано. По тајм-аутот на Душебаев, нашиот капитен убаво со лоб додавање го најде на линија Еду Фернандез, а овој погоди за 11:11. Во изедначената завршницата со головите на Масач и Маркусен, гостите на одмор отидоа со само гол предност.

Во првите 10 минути од вториот дел како и на претходните мечеви со послабите екипи, Атлетико „нагази„ и брзо се одлепи. Три гола на Береше и еден на Масач го принудија домашниот тренер на тајм-аут при до тогаш највисоките 17:22 во 39 минута. По минута одмор 13 пласираната екипа на табелата преку Серано, Латоре и Бериос се доближи во 21:23. Атлетико остави впечаток дека сака да дојде до бодовите со што е можно помал напор. Еду Фернадез и Маркусен го одржуваа минималното водство на гостите. Лазаров кој голем дел од второто полувреме седеше на клупата во 49 минута од седмерец погоди за 25:27. Минута подоцна во свој стил нашиот ракометар со својот четврт гол ги одржа активните +2 (26:28).

Веднаш го даде и петтиот гол за да го потврди добриот момент. Но ветеранот Латоре во последните 10 минути влезе со двоцифрен број на голови и со епитет на играч на натпреварот. Веднаш зад него беше нашиот Лазаров кој од казнен удар во 55 минута зголеми на 27:30. Бериос и Тарасо со убава комбинација намалија на 29:31 на само две минути до крајот и Талант повика тајм-аут. Дури и Сагунто имаше контра да дојде до -1, но Омрадос одбрани за потврда на победата. Одличен натпревар за Лазаров и со позитивни моменти во двете полувремиња и 6 гола го поведе Атлетико до шестата победа. Латоре и на 39 години ги потврди своите квалитети со 11 гола против актуелниот светски првак. Од овој меч мадриѓани ќе го извлечат само резултатот и враќањето на Маркусен. За победа над Веспрем за време на викенд потребен е оној ист Атлетико од второто полувреме во Цеље.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете тука

 

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share