hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „И ние ќе имаме навивачи во Австрија„

MKD-SWE 092

Во репрезентацијата владее позитивно расположение. Доволно сме искусни да одбраниме пет голови, но тоа воопшто нема да биде лесно.
Ова го изјави најдобриот макеонски ракометар Кирил Лазаров во пресрет на саботниот реванш натпревар против Австрија за пласман ан СП во Шпанија.
Капитенот вели дека тој и соиграчите се масксимално подготвени за натпреварот кој следува. Селекцијата утре ќе отпатува за Австрија.


-Имаме информација дека таму ќе не' бодрат наши навивачи кои живеат во Австрија. Не треба да паѓаме на провокациите, тие и овде не' провоцираа, па ги победивме. Знаеме дека Австријците се квалитетна репрезентација и кон неа пристапуваме со почит, меѓутоа тоа нема да биде алиби, бидејќи одиме само на победа, изјави капитенот Лазаров.
Во врска со недоразбирањата кои владеат во репрезентацијата, Лазаров посочи дека минале низ тешка и напорна сезона, па очекувано е од време на време некој да ги изгуби нервите поради, како што Лазаров рече, максималната посветеност на тоа што го работат.

Share