Истата група на македонски навивачи само ја смени трибината во „Павиљон Сан Пабло„ и во текот на сите 60 минути непрестојно ја бодреше националната репрезентација.
Без оглед што можеби Исланд во овој момент има најмногу навивачи во групата во Севиља, најгласни се македонските фанови.Има и такви што сметаат дека ова е најголема презентација на нашата држава на меѓународна сцена и самото учество на овој мундијал е привилегија. Некои пак веќе сега кројат планови за Барселона, а таму одат само најдобрите.