Селекторот на Катар: „Чиле е нашата шанса„
Големата непознаница Катар е е една од селекциите кои најдолго се подготвуваат за овој мундијал. Како и претходно во минатото водена е од тренер од балканските простори, овој пат од словенецот Борут Мачек. За „Balkan-handball„ тој откри дел од размислувањата на нацијата која по две години ќе ја наследи Шпанија во организација на Светското првенство.
„Пред да заминеме во Шпанија учествувавме во „Yelow cup„ турнирот каде што загубивме од Швајцарија, одигравме нерешено со Белорусија, предводена од Рутенка и ја поразивме Австрија. За нас тоа беше и последниот тест пред Светското првенство„ изјави Мачек и откри многу повеќе за сегашната форма на Катар. „Конечно, ни остануваат последните неколку дена да ги искористиме за отстранување на грешките, кои ги увидовме на последните средби. Ние ќе се обидеме да го презентираме најдоброто од нашиот ракомет и да обезбедиме добар отпор против сите, иако знаеме скоро сите се објективно посилни нас. Сите освен за Чиле, кого ќе се обидеме да го победиме. Се разбира, ние нема да се предадеме без борба со никого„ вели Мачек кој ги издвои Данска, Шпанија и Франција како фаворити за медалите.