Шундовски ги одреди нашите 18 адути за Шпанија
Селекторот на машката ракометна репрезентација Звонко Шундовски го објави списокот од 18 ракометари, кои наредната недела ќе отпатуваат во Шпанија на за нас третото светско првенство. Од широкиот список одпаднаа Митко Стоилов и голманот Златко Даскаловски.
Репрезентација на Македонија:
Никола Митревски, Дејан Манасков, Александар Јоноски, Филип Миркуловски, Велко Марковски, Златко Мојсоски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски, Милан Левов (МЕТАЛУРГ), Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Филип Лазаров, Гоце Ојлески (ВАРДАР), Кирил Лазаров (АТЛЕТИКО), Бранислав Ангеловски (КОНСТАНЦА), Владимир Темелков (БАШАРАЖ), Борко Ристовски (ГУМЕРЗБАХ).
„ Митко Стоилов отпадна поради повреда, а одлуката ја донесовме по консултации со лекарскиот тим. Даскаловски, пак, работеше добро во изминатиов период и на него ќе се смета на секој следен настап на репрезентацијата" изјави селекторот Шундовски по објавувањето на списокот.