ВИДЕО: Подршка од МОК за репрезентацијата пред мундијалот
Пред заминувањето во Ниш каде репрезентацијата на Македонија на Звонко Шундовски ќе одигра два контролни натпревари, стигна одлична вест за нашата селекција.На денешната прес-конференција претседателот на МОК, Васил Тупурковски објави дека комитетот одвои 20.000 долари за машката ракометна репрезентација, како дополнителен поттик за достојно репрезентирање на нашата земја на наредниот мундијал во Шпанија.
„Ракометната репрезентација во континуитет бележи добри резултати на меѓународната сцена, поради што ние продолжувајќи ја добрата соработка со федерацијата се одлучивме уште еднаш да ги поддржиме обидите за успешен настап. Обезбедивме одредени средства како би помогнале за успешен настап на Светското првенство" рече Тупурковски на денешната средба со новинарите. „Би се заблагодарил на МОК како постојан пријател на македонскиот ракомет. Уште еднаш помагаат на селекцијата, а ние на тоа може да ветиме дека ќе го дадеме максимумот за што поуспешен настап во Шпанија и уште еднаш да ја израдуваме домашната спортска јавност" во името на федерацијата се заблагодари директорот на машката репрезентација Никола Панчевски.
ВИДЕО: ТВ СИТЕЛ