hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голужа: „Наместо да дадеме гол со двајца повеќе ние примивме и загубивме„

Croatia vs Poland 150128Qatar 2015 M77 CRO vs POL- AH 1685 xlarge

Тага и разочарување во хрватскиот табор на официјалната прес-конференција по мечот со Полска. Голужа и Вори го признаа поразот и најавија посилна хрватска репрезентација за наредното европско првенство во Полска 2016 година:

"Според очекувањата ова беше тежок меч, имавме шанса да победиме, но за жал не ја искористивме. Клучниот момент на мечот се случи во 48 минута кога имавме двајца играчи повеќе на теренот и наместо да направиме предност, ние примивме гол. Од тој момент нашиот ритам беше нарушен, а тоа го искористија противниците и забележаа победа" изјави хрватскиот селектор, Славко Голужа.

Капитенот Игор Вори потенцира дека Полска играла одлично во одбраната и дека во вториот дел неговите колеги играле деконцентрирано:

"За жал овој пат не успеавме. Моите колеги се бореа колку што можеа, но мораме да кажеме дека Полска играше одлично во одбраната и не ни дозволија да ја наметнеме нашата игра. Во клучните моменти ни падна концентрацијата и поразот беше неминовен" рече Вори. Медиумите во Хрватска без остри кон популарните „каубоји„ и се очекува да бидат уште поошто во деновите кои следат и од понеделник кога репрезентацијата се враќа во Загреб.

Share