hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Златниот Канељас ја прати Данска дома и донесе реванш за Хернинг

Denmark vs Spain 150128Qatar 2015 M79 DEN vs ESP- HOR4234 xlarge

Данска подобро го отвори мечот и со лесни голови од транзиција брзо го принуди Каденас да побара тајм-аут при 6:4. Тогаш во игра влезе Чема Родригез и ја раздрма „црвената фурија„. Полека се разиграа крилата, по еден гол дадоа Канељас и Македа и сега исландската клупа мораше да го прекинува ритамот со тајм-аут при 6:8. Но ред дојде на Хансен и Лауге и нивните први голови за 10:10. На одмор се замина со 11:11 со убав ракомет, добри одбрани и атрактивни голови. Вториот дел подобро го отворија данците и Хансен врза 4 гола за водство од 18:16 за скандинавците. Но Гонзало успеа да влезе во ритам и во 47 минута Ривера јуниор со својот седми гол на Шпанија му донесе 20:18. Се играш драматично, гол по гол, игра не нерви и на детали.

Denmark vs Spain 150128Qatar 2015 M79 DEN vs ESP- HOR3978 xlarge

Менсах Ларсен не дозволи Шпанија да побегне, а Мортенсен и Кристијансен во 54 минута дури и му донесоа водство на момците на Гудмунсон. Но Шпанија имаше резерви и најнапред Ривера јунииор израмни, а во последната акција на две секунди до крајот „проектилот„ на Јоан Канељас на Шпанија му донесе победа од 24:25 и полуфинале на мундијалот. Како по обичај во последните четири години, Данска е подобра на европските, а Шпанија на светските првенства. Ова е реванш за поразот во Хернинг и можност „црвената фурија„ и понатаму да сонува за одбрана на титулата. Ривера Јуниор со 10 гола беше најефикасен во победничката репрезентација, јунакот Канељас додаде уште 5, Раул Ентрериос имаше 4, а голманот Гонзало собра 9 одбрани. Кај Данска најефикасни беа Хансен и Егерт со по 6 гола, а Ландин имаше 10 одбрани.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share