Лазаров: Победивме, но не сум задоволен, можеме многу да се поправиме
По победата против Тунис во која постигна 12 гола, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров лидерски го анализираше натпреварот.
„Сакам да им честитам на моите соиграчи. По долго време покажавме психичка стабилност. И покрај негативата од четири гола останавме со ладни глави и се вративме за голема победа. Искрено не сум задоволен и мислам дека можеме да поправиме многу работи. Сакам да им честитам на неколку соиграчи, меѓу кои на Стоилов и на Миркуловски, кои дадоа се во текот на сите 60 минути, што не е лесно против репрезентација како Тунис" , рече капитенот.
Со оваа победа исчистен е до некаде образот од поразот во Гдањск во Олимписките квалификации.
ФОТО: Филип Вирановски - www.gol.mk