ВИДЕО: Червар за Лазаров: Тој е најдобриот ракометар кој сум го тренирал!
Во пресрет на Европското првенство ЕХФ направи профил за највлијателните ракометари на секоја репрезентација која ќе настапи на европското првенство. Под насловот "Кирил Лазаров, ноќна мора за секој голман", ЕХФ имаше осврт на главните карактеристики на репрезентативниот десен бек. За неговите достигнувања и успеси говореа Звонко Шундовски, Стевче Алушовски и Лино Червар.
"Тој е идол, пример како еден ракометар треба да изгледа. Тој е талентиран, но исто така тој e продукт на истрајност, креативност, трпение и победнички карактер. Го карактеризира победнички менталитет и брзо размислување со кое ја одлучува секоја ситуација. Лазаров е најголемото ракометно име кое сум го тренирал. Не сакам да споменувам играчи бидејќи ракометот е тимски спорт, но Кирил е исклучок од ова правило", истакна Лино Червар.