Лазаров се приклучи на подготовките на репрезентацијата
Репрезентативците една недела тренираат некомплетни под водство на помошникот на селекторот Данило Брестовац. Но од денес се комплетни и водени од Обрван влегуваат во централната фаза на подготовки за европското првенство во Полска. Сите се во очекување на Ацо Јоновски, кој синоќа играше меч со Кил во Бундеслигата и вечерва ќе пристигне во Скопје, а од утре ќе биде со репрезентативците.
Со него групата ќе биде комплетна, откако утрово за прв пат се приклучија Кирил Лазаров, Борко Ристовски, Филип Миркуловски и селекторот Обрван. Следува главната физичка и тактичка фаза, која ќе биде кратко прекината заради новогодишните празници, а потоа следува кратката словенечка турнеја и двата меча против „змајчеките" на Веселин Вујовиќ.
ФОТО: Филип Вирановски