hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Ќе играат две балкански школи, навикнавме на инфаркт-завршници

EHF EURO 2016 rakomet Francija-Makedonija PRVO-5194
0

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров има многу пријатели меѓу хрватските репрезентативци. Секојдневно се среќава и разменува мислења и шеги со нив. Но, вечерва во „Краков арена" ќе биде на спротивната страна и ќе се обиде да им врати на Хрватите за мундијалскиот катарски пораз.

„Во споредба со онаа Хрватска од Доха, не велам дека се послаба, но се помалку искусна репрезентација. Вметнаа млади ракометари и тука ја гледам нашата шанса во решавачките моменти. Ако останеме во егал до 50. минута, мислам дека психолошки сме во предност, нашите срца веќе навикнаа на инфаркт-завршници. Единствениот наш минус е тоа што непланирано се потрошивме. Ни се отвори да бидеме во егал со Франција до 55. минута, потоа слично и со Полска, а и оној најтежок меч против Србија беше тежок. Можеби сме малку истрошени и физички и емотивно, но таков е распоредот на ова Европско првенство што имаме повеќе одмор по мечот со Хрватска. Не треба да одиме на сила, треба да одиграме паметно. Две балкански школи на ракомет ќе се надигруваат. Останува да се подготвиме добро и да ја изненадиме големата Хрватска", истакна Лазаров.

Нашиот капитен има 21 гол во досегашниот тек од шампионатот и се наоѓа на второто место на листата на стрелците по групната фаза.

Share