Македонските ракометари не ги заборавија оние кои ги бодреа од трибините и по ремито и напорите од мечот пристигнаа во фан-зоната, каде дојдоа да ја поздрават „Фалангата".
Капитенот Лазаров одржа говор, зборуваа и останатите ракометари, а потоа наздравија со пиво. Македонија за првпат во историјата патува во наредната фаза како првопласирана во групата, без ниту еден пораз. Покрај ремито со Германија, македонските ракометари имаа и две победи, над Словенија и Црна Гора. Прв ривал втората фаза во Вараждин ќе биде репрезентацијата на Шпанија.