Клајн: Германија мора да го сопре Лазаров ако сака победа
Селекторот Прокоп на вчерашната средба со новинарите истакна дека Германија за да победи и да остане жива во битка за полуфиналето мора по секоја цена да ја победи Македонија. За тоа да се случи, вели тој, треба да одиграме умно и со срце.
Полн респект за нашиот национален тим искажа и еден од поранешните репрезентативци на Германија, Доминик Клајн. Тој најголемата опасност за Германија вечерва ја гледа во нашиот најдобар ракометар, Кирил Лазаров.
„Тој има неверојатна храброст и знае да постигнува голови и од многу тешки ситуации. Ќе видиме како ќе биде вечерва, но мора да се обидеме да го сопреме", вели соиграчот на Лазаров од Нант.
Македонија никогаш не ја победила Германија во официјален натпревар, а четири пати загубила на големите приредби.