hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Пасквал во Хернинг да ги гледа шпанците и Лазаров

xavi i kire2

Скоро двојно се зголеми бројот на навивачи, новинари и ракометни работници од денес во Хернинг. Доаѓањето на светскиот првак Шпанија повлече многу голем интерес и меѓу љубителите на ракометот и меѓу експертите. Тренерот на европскиот вицешампион Барселона, Хавиер Пасквал исто како и шпанската репрезентација се пресели од Алборг во Хернинг, да ги следи одблиску ракометарите на неговата Барса, а ги има во изобилство во денешната понуда.

Најнапред Лазаров против Унгарија, па големото дерби меѓу Данска и Шпанија со Томас, Гурбиндо, Раул Ентрериос, Сармиенто, Виран Морос. Јаспер Нодесбо нема да биде дел од натпреварот, бидејќи утринава беше заменет од селекторот Вилбек. Веројатно утре Пасквал ќе „скокне„ 90 километри северно до Архус да ги следи Карабатиќ, Сорондо и Рутенка. Барселона заедно со нашиот Металург и Киелце, даваат најмногу ракометари на турнирот.

Share