П Р А В И Л Н И К
за уредување на условите за учество на ракометната школа
„Кирил Лазаров 7“
Со овој Правилник се дефинираат меѓусебните услови за учество во ракометната школа „Кирил Лазаров 7“, чиј организатор е КМГ Спорт ДОО Скопје.
За учество на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ секој пријавен треба да пополни пријава за учество и со тоа истиот ги прифаќа правилата и условите за учество на школата, детално уредени со овој Правилник.
Со пополнување на пријавата и прифаќање на правилата, пријавениот станува член на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“.
Обврски на КМГ Спорт, организаторот на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ се:
- Ракометната школа се обврзува да ја спроведе програмата на школата во периодот од почетокот до крајот на школската година.
- Програмата се спроведува минимално два пати неделно во траење минимално од еден училишен час (45 мин).
- Да обезбеди соодветни услови за тренинг во спортската сала.
- Да обезбеди едуциран тренер, кој со децата ќе работи максимално професионално, без разлика на нивната возраст и познавање на ракометот.
- Да обезбеди топки и останата спортска опрема, адекватна на возраста на децата и предвидените тренинзи.
- Да обезбеди почитување на приватноста преку заштита на личните податоци кои организаторите ги добиваат за родителот преку пријавата.
- Да обезбеди попуст на месечната членарина за второ дете во семејството.
- Да обезбеди попуст за учество на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, кој е во организација на спортската маркетинг агенција КМГ Спорт.
Обврски на секој член на школата за ракомет и неговиот родител/старател се:
- Да ја подмири одреденета членарина најдоцна до 10ти во тековниот месец.
- На тренинг да доаѓа со соодветна опрема од школата и патики за во сала.
- Доколку уплатата не биде подмирена во посочениот рок, членот на школата нема право на тренинг.
- Материјалите кои ќе се продуцираат (слика и видеа) на школата за правење на прилози се исклучива сопственост на КМГ Спорт како организатор и може да ги употребува во маркетиншки цели, а со тоа во целост се согласува и го одобрува родителот.
- Да се придржува на правилата на однесување на тренинзите определени од страна на тренерите, а во спротивно последиците се:
-Во случај членот на школата да не се приддржува кон правилата на однесување на школата за ракомет „Кирил Лазаров 7“, а со тоа ја нарушува дисциплината помеѓу останатите учесници, КМГ Спорт, како организатор, го заддржува правото да го опомене учесникот и да го извести родителот. -Доколку и по опомената, учесникот не го корегира своето однесување, организаторот има право да го отстрани учесникот од школата.
Овој Правилник е составен дел на секоја пријава за учество на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ и со потпишувањето на пријавата учесникот потврдува дека Правилникот му е предаден и истиот е запознат во целост со неговата содржина.
03.08.2017 год. КМГ СПОРТ ДОО Скопје
Скопје