Рехау гордо ги поддржува најдобрите проекти во државата

//Рехау гордо ги поддржува најдобрите проекти во државата

Рехау гордо ги поддржува најдобрите проекти во државата

Нашиот премиум партнер РЕХАУ веќе пет години е заедно со капитенот и неговиот ракометен камп. Од 2015 германската компанија РЕХАУ – Македонија од страна на г- динот Сашко Даев кој е раководител на истата го препозна проектот како извонредно организирана содржина која е насочена кон развој и поддршка на децата преку спортот.

Со подадената рака РЕХАУ ја потврдува општествената одговотност како субјект во нашето општество, со што влијае на поквалитетната реализација на овој проект .

“И оваа година РЕХАУ е горд партнер на ракометниот камп на најдобриот стрелец во светот Кирил Лазаров”. Ние ги имаме најдобрите производи на пазарот па така и гордо ги поддржуваме најдобрите проекти во државата. Секоја година кампот добива се повеќе на значење и популарност, особено заради тоа што инвестира во најважната нишка во едно општество – децата. РЕХАУ ги покани на кампот своите клиенти, производители на прозорци, на средба со Лазаров. Голем дел од нив го следат капитенот и македонската репрезентација на европските првенства и мундијали. Заедничката подршка на спортот се повеќе не сплотува како партнери”. Ни изјави г- динот Даев првиот човек на компанијата одговорен за Македонија, Албанија и Косово. Според неговите зборови партнерството продлжува и во следните години.

 

By | 2019-06-28T12:19:57+00:00 June 28th, 2019|Главни Новости|0 Comments