Информација за сите учесници на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

//Информација за сите учесници на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Информација за сите учесници на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“

Организаторот на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, агенцијата КМГ Спорт Ве информира околу организирање на превозот на учесниците на кампот кој ќе се одржи од 19-25 jуни во Хотел „Аквалина“ Охрид.

Имено, поаѓањето на учесниците за првата смена ќе биде на 19.06, ден среда и ќе се одвива по следна динамика.

Скопје:

СЦ Борис Трајковски  07:00ч.

Тетово:

Прва наплатна Тетово – Гостивар 08:00 ч.

Гостивар:

Последна наплатна Гостивар 08:15 ч.

Штип:

Пред нова пошта, спроти стадионот 06:30 ч.

Св. Николе

пред Астра во центар 07:00

Велес:

Кружен тек влез на град, бензиска „Макпетрол“  7:40 ч.

Струмица

Автобуска станица 6:00 ч

Богданци 

Автобуска станица 6:45

Гевгелија

Спортска сала 7:15 ч

Росоман

Бензиска „Црна Река“ 8:50 ч.

Прилеп

Бензиска „Лукоил“ на влез 10:30 ч

Битола

Бензиска „Лукоил“ на излез 11:30 ч

Воедно ве информираме со вас да понесете:

– Покрај опремата која ја доделува кампот за тренинг, добро е со себе да понесете и дополнителни маички и шорцеви,

– патики за тренинг,

– чорапи и долна облека,

– купачи за бањање и пешкир за на плажа,

– папучи и

– средства за лична хигиена.

Драги деца исто така можете да ја покажете Вашата креативност со изработка на маска, со која ќе учествувате на маскенбалот. Можете да понесете спремна маска или може да Ви помогне нашиот тим за анимација околу изработката на маската, доколку немате идеја. Маскенбалот ќе има ревијален карактер.

Сите Вие кои имате талент за пеење, танцување, глума, музика, цртање и многу други вештини подгответе се за Камперско ТАЛЕНТ ШОУ, кој ќе биде дел од завршната вечер . И ние знаеме дека сите Вие сте најдобри, но победникот ќе го одберат сите деца со гласање.

За повеќе информации околу распоредот на поагање или информации за кампот можете да се обратите на нашиот меил info@kmgsport.mk или на телефонскиот број: 071 330 529

By | 2019-06-17T12:14:41+00:00 June 17th, 2019|Главни Новости|0 Comments