Најдобрата ракометарка на светот за 2014 година гостин на кампот на капитенот

//Најдобрата ракометарка на светот за 2014 година гостин на кампот на капитенот

Најдобрата ракометарка на светот за 2014 година гостин на кампот на капитенот

Најсилната асоцијација за женскиот ракомет и Бразил е името на Едуарда Аморим .Која пред 5 години ја понесе титулата за најдобра ракометарка на планетава., зад себе има три олимпијади и сонува за уште една. Почнала со ракомет на 11 години во основното училиште во нејзиниот роден град Блуменау. Од мала мечтаела еден ден да стане професионален играч.

Со 15 години заминува во Сао Паоло (тогаш најголем центар за ракомет) и игра за 3 категории, младинци кадети и сениори. Ова искуство со многу натпревари и дава можност да игра за бразилскиот национален тим и да се учествува на меѓународни првенства.

На јуниорското првенство во 2005 ја освојува титулата и е прогласена за најдобар лев бек со што ги отвора вратите кон ракометна Европа. Во 2006 на свои 19 години станува дел од нашиот ” Кометал” клуб во кој играше 3 сезони заедно со нејзината сестра. Од 2009 до денес таа е дел од унгарскиот  “Ѓер” со кој освои многу титули. Пет пати шампион во престижната ЛШ , 10 пати првак на Унгарија , 10 титули во националната лига. Секој успех и ја зголемува целта и секогаш знае дека мора и може повеќе. Се надева дека до крајот на кариерата ќе се закити со уште еден трофеј од Лигата на шампиони со што ќе стане ракометaрка која има освоено најмногу шампионски трофеи. Се уште сонува за олимписко злато свесна дека не е лесно но не и неостварливо. Со репрезентацијата на Бразил таа го освои златниот медал на СП во 2013 година.

Освен португaлски зборува македонски, англиски и унгарски јазик. Едуарда Аморим лани прв пат беше на кампот на Лазаров а на 6 дена пред почетокот на овој петти јубилеен камп кратко ни изјави:

“Лани на кампот на Лазаров поминав прекрасно, од секогаш сум го следела во клубовите во кој играл, но минатото лето ја имав можноста и лично да го запознаам. Прекрасна е таа слика која ја видов на кампот и како Лазаров ја инспирира младата генерација. Силно влијание има присуството на децата на кампот кој дoпрва ќе ја градат својата ракометна кариера”.

Бразилката во Македонија ја сретна љубовта на нејзиниот живот Дејан Талески со кој е заедно од 2013 , планира да игра уште 2 години а потоа да се посвети на проширување на семејството. Македонија остснува земјата во која сака да и поминуваат годините , освен ако рсботата не ја однесе на друго место.

Се гледаме во Охрид!

By | 2019-06-13T16:03:17+00:00 June 13th, 2019|Главни Новости|0 Comments