hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Македонија пак променлива, Тунис ни го нанесе првиот пораз на Президент Купот

sp2023-rakomet-makedonija-tunis-21.01.2023-4

Македонија - Туниз 28:33 (14:16)

Прв пораз на најдобрата ракометна репрезентација на Македонија,на Президент Купот, на Мундијалот во Полска и Шведска. Тунис беше подобар од нашиот национален тим со 33:28. „Црвено жолтите" на разигрувањето за пласман од 25 до 32 место на шампионатот го претрпеа вкупно четвртиот пораз во Полска.

Избраниците на Лазаров лошо го отворија мечот, без гол бевме околу пет минути, што Тунис знаеше да го искористи за стартно водство од 5:0. По тајм-аутот на Лазаров македонските ракометри заиграа малку подобро што веднаш се одрази на резулатот, ја намаливме предноста на противникот неколку пати и на само еден гол, но на полувреме Тунис замина со предност од два гола. 14:16.

Почетокот на вториот дел беше во знакот на „црвено жолтите". Во тој период од играта Филип Кузмановски постигна неколку брзи голови во свој стил, водејќи ја топката од гол до гол, а Никола Митревски беше одличен на голот. Во првите десетина минути дури стигнавме и до водство од еден гол, но Тунис повтоно заигра подобро во одбрана, а нашиот напад беше без идеја, што резултираше со враќање на Тунис во посакуваниот ритам и неутрализирање на нашето минимално водство.

Тунис постигнуваше лесни голови а нашите ракометари се мачеа во нападот. нашиот противник од минута во минута ја зголемуваше предноста и во последните пет минути влезе со позитивна од пет голови за мирна завршница.

Филип Кузманвски со осум и Дејан Манасков со седум голови беа нашите најефикасни ракометари во денешниот дуел, солиден на голот беше Митревски со осум одбрани. Настапите во Президент Купот ги продолжуваме во понеделник со дуел против Мароко.

Share