hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Не сум задоволен, преземам одговорност и треба да научиме од ова искуство

processed-3331336f-0146-4374-874d-d1d36a12174f UFvYQDgx

Селекторот Кирил Лазаров јавно им се извини на навивачите за разочарувачките три натпревари во Краков, на кој поддршката од трибините не беше доволна за да се прикаже добра игра и да се стигне до позиривен резултат.

„Честитки за заслужената победа на Аргентина вечерва. Можеби ова е нашата реалност. Пред почетокот на турнирот бевме рангирани на последното место во групата и во овој момент Аргентина е подобра од нас. Видовме вечерва дека оваа Македонија со осум дебитанти мора многу да работи да создаде нова генерација која ќе ја наследи претходната. Не очекував победи против Норвешка, Холандија и Аргентија, туку верував во порази од 3,4,5,6 разлика, не вака со двоцифрена разлика.

Не сум задоволен, мора многу да работиме ако сакаме да креираме нова генерација. Видов многу работи, ги видов сите индивидуално, верував во сите нив, но во иднина мора некои работи да промениме. И за мене ова е ново искуство и мора да се подготвите за Европското првенство кое е изборно за Олимписки игри. Не сме во добар момент, тоа е нашата реалност, и треба да научиме од ова искуство.

Имаме стратегија со федерацијата за во иднина. Јас, Стоилов и Миркуловски игравме во зрели години за да го фатиме континуитетот, бидејќи знаевме дека ќе биде тешко во иднина. Видовме сега дека без нас и без уште други ракометари не е исто. Преземам одговорност, но мора да сфатиме дека присуството тука за нас е успех. Елиминиравме селекции како Романија и Чешка, што не е мала работа. Не сум задоволен како загубивме и од тоа сум загрижен. Не сме послаби од ривалите за 10,11,12 голови", рече Лазаров.

Тунис, Мароко и Алжир ќе бидат противници на Македонија во Плоцк во разигрувањето.

Share