Андреј Петковски повикан на подготовките со сениорската ракометна репрезентација

//Андреј Петковски повикан на подготовките со сениорската ракометна репрезентација

Андреј Петковски повикан на подготовките со сениорската ракометна репрезентација

Селекторот на машката ракометна реппрезентација,  Данило Брестовац го објави списокот на репрезентативци за јануарските подготовки на националниот тим.

На него заслужено се најде и нашиот играч Андреј Петковски кој одлично бранеше во првиот дел од Суперлигата. Тој ќе биде дел од репрезентацијата за подготовките за претстојните квалификациски натпревари против Данска во март и во април со Финска и Швајцарија за пласман на ЕП 2022 во Словачка и Унгарија.

За време на подготовките ќе се одиграат и два контролни тренинг натпревари од затворен карактер против репрезентацијата на Чиле.

2020-12-30T10:31:42+00:00 December 30th, 2020|Главни Новости|0 Comments