Пораз на гостувањето во Кисела Вода

//Пораз на гостувањето во Кисела Вода

Пораз на гостувањето во Кисела Вода

Момците на Голден Арт КЛ7 забележаа нов пораз во Суперлигата, овој  пат на гостувањето во Кисела Вода кај екипата на Јуниор КВ со резултат 35:25. По одличната серија од пет победи во шест натпревари, денес го забележавме третиот пораз во низа.

Ако во првиот натпревар со екипата на Јуниор КВ одлично започнаве и од самиот старт го диктиравме темпото на играта,  денес беше обратно, контролата на натпреварот ја имаше екипата од Кисела Вода, која започна со водство од 3:1, а неколку минути подоцна водеше и со 6:3. Успеавме за момент да се вратиме во игра и да намалиме на 7:6 но по неколку пропуштени шанси, домаќинот повторо ја врати својата предност и ја зголеми на максимални седум разлика 16:9. На крајот од првиот дел резултатот гласеше 16:10.

Во вториот дел очекуваме подобра игра на нашите момци и резултатки приклучок, но до тоа не дојде. Домашниот тим кој делуваше далеку помотивиран само ја зголемуваше предноста па пред самиот крај на натпреварот дојде и до максимални 11 погодоци предност. На крајот домаќините славеа со 35:25 и дојдоа до својата втора победа во Суперлигата.

Во претпоследното коло од Групата А, во понеделник од 19:30 против екипата на Астраион Хендбол го играме последниот натпревар за 2020 година. Во последното коло сме слободни.

Јуниор КВ –  Голден Арт КЛ7 35:25 (16:10)

Голден Арт КЛ7: Џигероски, Стојков 5, Крстески, Цветаноски 2, Буторац 5, Гучески 1, Петрески, Симоноски 3, Илиески 2, Димовски 1, Василевски, Темелкоски, Ѓорговски 2, Јорданов, Стојковиќ, Гајиќ 4.

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 4 мин

2020-12-04T21:50:07+00:00 December 4th, 2020|КЛ7|0 Comments