Во рамноправен дуел загубивме на гостувањето кај Пролет 62

//Во рамноправен дуел загубивме на гостувањето кај Пролет 62

Во рамноправен дуел загубивме на гостувањето кај Пролет 62

Екипата на Голден Арт КЛ7 го доживеа петиот пораз оваа сезона во Суперлигата.  Ако во првиот натпревар успеавме да го совладаме искусниот супелигаш, овој пат минимално сме поразени во рамноправен дуел кој на крајот пресуди поголемото искуство.

Натпреварот го започнавме со висока 6-0 одбрана, која се покажа како одлично и не дозволи на противникот кој на овој натпревар беше засилен со црногорскиот репрезентативец Жарко Пејовиќ, од самиот старт да поведе со недостижна предност. Домаќините поведоа со 4:2, но брзо вративме со серија од 0:2 и израмнување 4:4. До крајот на првиот дел и двете екипи тешко доаѓаа до противничкиот гол, игра гол за гол, па на крајот домаќините заминаа со предност од 12:11.

Вториот дел продолжи играта гол за гол. Одличната одбрана на чело со голманот Петковски не одржуваше резултатски во игра. Неколку пати пропуштивме шанса за водство на натпреварот, на голот на Пролет 62 беше одличниот Петар Ангелов кој во клучните моменти успеа да собере шест интервенции од кои три седмерци. По што противникот во последните минути веќе дојде и до највисоките четири погодоци предност за победа од 23:20.

Во моментите кога се решаваше победникот се почувствува отсуството на капитенот Игор Ѓорѓиев кој минатата недела се здоби со повреда и не настапи на овој натпревар

Продолжува силниот ритам на одиграње на натпреварите, па веќе следното коло се игра за три дена(01.12) против екипата на РК Струга.

РК Пролет 62 – Голден Арт КЛ 23:20 (12:11)

Голден Арт КЛ7: Џигероски, Стојков, Крстески 1, Цветаноски, Буторац 1, Гучески 2, Симоноски 4, Илиески 3, Димовски 1, Василевски, Петковски, Темелкоски 1, Ѓорговски 6, Јорданов, Стојковиќ, Гајиќ 1

Седмерци: 2/5 Исклучувања: 8 мин

 

 

2020-11-28T19:22:11+00:00 November 28th, 2020|КЛ7|0 Comments